Општина Чаир почна со рушење на бесправно изградени објекти

Општина Чаир ги започна првите акции за рушење на бесправно изградени објекти и ослободувањето на узурпираните места без никакво право.

Во текот на денешниот ден е урнат бесправно изградениот објект, надградба, од страна на инспекторатот на Општина Чаир на ул. Крсте Асенов, спроти џамијата Абулкадер Арнаути и ослободена е узурпираната зона во близина на детската градинка „Петар Пан“.

Општина Чаир соопшти дека ваквите акции ќе продолжат со единствена цел владеење на правото и редот за подобрување на животот на граѓаните.