Ќе се рушат летните дискотеки во парк

На седницата на советнички прашања во Град Скопје, советникот на ВМРО-ДПМНЕ Лука Кржалоски го праша градоначалникот Петре Шилегов дали ќе ја реконструира библиотеката „Браќа Миладиновци“, како што било предвидено во претходната програма на поранешниот градоначалникот Коце Трајановски.

Кржалоски го праша Шилегов и дали е вистина дека ќе се рушат летните дискотеки.

Шилегов посочи дека летните дискотеки ќе се рушат, како и дека Градот Скопје не бил надлежен и не е негова работа да обезбеди простор за дискотеките.

Со ваквата одлука ќе се наруши една децениска традиција и скопскиот парк повеќе нема да има дискотеки каде младите ќе се забавуваат.

Воедно, Шилегов истакна дека нема средства за реконструкција на библиотеката и дека парите кои Трајановски ги предвидил за таа намена, се пренаменети за други цели.