Експерти или политиканти: Каква капа ќе му биде скроена на „Скопје 2014“?

Реални и стручни мислења или политички заклучоци ќе произлезат од работата на експертската комисија која во рамки на Министерството за култура прави ревизија на проектот „Скопје 2014“. Ова прашање се поставува по интервјуото на Златко Теодиесиевски кој е член на оваа работна група.

Тој со доза на политичка пристрасност вели дека во сите елаборати кои се направени се препорачува остранување на споменикот. Ова е случај со Воинот на коњ, Филип Втори, Порта Македонија, Мајка Тереза, Цар Самоил и многу други. Практично за сите споменици кои се дел од контроверзниот проект.

Впечатокот е дека тоа што го предлага работната група многу се разликува од тоа што реално се случува. Сегашната власт е многу попрагматична по ова прашање. Се ќе се сведе на остранува на Ќосето и Рингишпилот. Ваква прогноза дава тој во интервјуото кое деновиве го објави Призма.

Теодосиевски смета дека политиката треба да го заврши, а не да го развлече проектот „Скопје 2014“.