Општина Центар го затрупа градилиштето позади Универзална сала

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, во придружба на градежен инспектор, припадници на МВР и градежна механизација на 1 јуни интервенираа на градилиште на улицата „9 мај“, по што почна затрупувањето.

Герасимовски вчера на социјалните мрежи посочи дека градилиштето зад Универзална сала било целосно затрупано.

-Целосно затрупано градилиштето на „9 мај“. Отстапување од дозволи и прописи за градба нема да толерираме, посочи Герасимовски.