Општина Бутел го изгласа новиот ДУП, ќе се гради поликлиника

Градоначалникот на општина Бутел, Дарко Костовски вчера објави дека едногласно во советот на општината е донесен нов ДУП каде е вцртана маркица за иградба на нова поликлиника. Маркицата е вцртана врз постојната“амбуланта” која е понижувачка за сите нас пиша Костовски

- “Голема благодарност за секторот урбанизам при Општина Бутел за пожртвуваната работа за овој исклучително значаен проект. Веднаш ќе започнеме со подготвување на проектна докиментација за новата поликлиника, додека со градба ќе започнеме на почеток на следната година. Општина Бутел ќе добие најмодерна поликлиника во градот Скопје, затоа што тоа го заслужуваат граѓаните на Општина Бутел“ се вели во објавата