Општина Аеродром: Иницијативата за претходниот ДУП е отпочната во време на Златко Марин

Трет ден по ред политичката партија која е на власт манипулира со јавноста. Наместо СДСМ да даде одговор за криминалните бизнис зделки на кои изминатите денови сведочи јавноста, тие повторно ги замајуваат граѓаните со лаги, дезинформации и невистини, велат од општина Аеродром.

Општина Аеродром соопшти дека претходниот ДУП е отпочнат во време на претходниот градоначалник Златко Марин.

Иницијативата за конкретниот ДУП за кој тие говорат отпочната е во време на претходниот градоналник, Златко Марин и во период кога СДСМ има целосно мнозиноство во советот. Имајќи го предвид овој факт, тие веројатно несвесно го вперуваат прстот директно во претходното раководство на општината, предводено од СДСМ. Фокусот на нашето работење е развојот и токму поради предвидуваме проекти кои единствено имаат цел да донесат развој во нашата општина . Почитувањето на законите и носењето на законски одлуки, секогаш било и ќе биде приоритет. Граѓаните на Лисиче и граѓаните на Аеродром, треба да бидат спокојни, затоа што никогаш нема да се донесе и потпише било каков документ кој е спротивен на законот и  спротивно на интересите на граѓаните.

Општина Аеродром е убава, модерна и урбана општина и ние понатаму ќе продолжиме да се залагаме за повеќе зеленило, за сметка на зградите и за хумана урбанизација која ќе ги решава проблемите на граѓаните, а не на инвеститорите. Доколку било која институција има сомнежи за незаконско постапување, Општина Аеродром стои на располагање за соработка. Но, во оваа прилика ги повикуваме надлежните институции да започнат постапка за преиспитување на сите зделки и бизниси кои владата на СДСМ ги направи во изминатиот период, соопштија од општина Аеродром.