Како што објави на неговиот Фејсбук профил денес Градоначалникот на општина Аеродром Тимчо Муцунски се дружеше со учениците од основното училиште „Лазо Ангеловски“.
- “Во духот на празниците и во убава предновогодишна атмосфера, заедно со учениците изработувавме честитки, напишавме желби до Дедо Мраз, учествувавме во изработка на научни експерименти и посакавме убави и весели празници.“ напиша Муцунски.