Општина Аеродром информира дека веќе се обезбедени средства за целосна реконструкција на патот во Долно Лисиче

Општина Аеродром информира дека веќе се обезбедени средства за целосна реконструкција на патот во Долно Лисиче, според високи меѓународни стандарди.

Од општината велат дека се во постојана комуникација со Јавното претпријатие за државни патишта, под чија надлежност е регионалниот пат Јурумлери – Драчево.

„По реакцијата на жителите од Долно Лисиче, би сакале уште еднаш да истакнеме дека ја разбираме итната потреба од реконструкција на овој пат. Целта на проектот на кој активно се работи е трајно да се реши проблемот на локалното население и на сите кои го користат патот Јурумлери – Драчево. Токму затоа, самиот проект, предвидува градежни активности и материјали кои се според високи меѓународни стандарди. Тендерската постапка е во тек и се очекува да заврши до средина на август. Сите предвидени активности ќе се реализираат во најбрз можен рок“, велат од општината.