Митровски: На обвинетите за грабнувањето на Вања им се ставаат многу сериозни кривични дела и многу е можно дел од осомничените да се обидат да избегнат одговорност за убиството, а да одговараат за условно речено полесно дело за грабнување

Скопскиот адвокат Јанаки Митровски во неговото гостување на ТВ24 рече дека сите искази на обвинетите поврзани со убиството на малата Вања треба да се земат со резерва и ова е од причина што на нив им се ставаат на товар многу сериозни кривични дела

- “На обвинетите за грабнувањето на Вања им се ставаат многу сериозни кривични дела и многу е можно дел од осомничените да се обидат да избегнат одговорност за убиството а да одговараат за условно речено полесно дело за грабнување. Во ОЈО Скопје не се наивни, ова го знаат и секако дека се издадени наредби за вештачење, материјални траги телефони, телефонска комуникација итн”, рече Митровски.