Две непознати маскирани лица синоќа ограбиле спортска обложувалница на улицата „Христо Татарчев“ во Кисела Вода, соопшти МВР.
Според Х.А. која околу 22:40 ја пријавила кражбата, сторителите со закана со пиштол го одзеле дневниот промет и побегнале во непознат правец.
Се преземаат мерки за нивно пронаоѓање и за целосно расчистување на случајот.