Во 22 часот и 50 минути синоќа, на улицата „Цветан Димов“, во автобус на ЈСП со број 57, кој сообраќал на релација од Бит Пазар кон Радишани, непознато лице извршилo разбојништво над 15- годишен малолетник.
Полицијата денеска информира дека разбојникот на малолетникот му одзел златно ланче. Откако влегло со уште неколку други лица во автобусот и седнале околу детето, со закана со физичка сила му го одзел ланчето, по што истите се симнале на автобуската постојка.
СВР-Скопје превзема мерки за целосно расчистување на случајот.