Оглас за вработување во Спорт Висион

Спорт Висион има потреба од професионални, комуникативни и креативни луѓе кои сакаат да бидат дел од нашата Екипа. 

Со цел континуиран развој и унапредување на компанијата, објавуваме огласи за вработување за следниве работни позиции 

1. РЕГИОНАЛЕН МЕНАЏЕР

2. САМОСТОЕН СТРУЧЕН СОРАБОТНИК ВО ЛОГИСТИКА

3. ИНТЕРЕН КОНТРОЛОР

4. БРЕНД МЕНАЏЕР

РЕГИОНАЛЕН МЕНАЏЕР

Главни обврски и одговорности на позицијата:
• Следење, поттикнување и унапредување на постигнувањата на малопродажните објекти (МПО)
• Едукација на одговорните лица и персоналот за директна продажба во МПО
• Размена на информации и ускладување на активностите во МПО со потребите на останатите Сектори на Sport Vision
• Координација на активностите за отворање на нови МПО
• Анализа на релевантни податоци и инструкции за дополнување, поврат на роба, нивелации и изложување на роба во координација со сите надлежни
• Подготовка на извештаи
• Други работни задачи по налог на работодавач

Потребни квалификации и знаења:
• Завршено високо образование во домен на општествени и технички науки
• Работно искуство од минимум 2 години на иста или слична позиција
• Одлично говорење и пишување на англиски јазик
• Работно владеење со MS office (Excel и Word, работа во софтвер)

Личен профил:
• Изразени комуникациски вештини
• Посветеност на детали
• Лојалност и доверливост
• Систематичност и методичност во пристап
• Иновативност
• Фокус на решенија
• Кооперативност и тимска работа

Кандидатите кои имаат интерес за позицијата и се препознаваат во бараниот профил, ги покануваме да аплицираат. Апликацијата, со Вашето CV и Мотивационо Писмо, испратете ја на маил до 09 - ти август 2016 година: hr@sportvision.mk со назнака “Регионален менаџер”.

Само апликациите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат контактирани.
Апликациите без назнака нема да бидат разгледани.