Од зајдисонце до зори сите на Средно Водно

На 2 септември, од пет часот попладне, па до пет часот утрото, на Средно Водно ќе се одржи забавата "Вин мјузик фридом", на која за прв пат во Македонија ќе гостува светскиот диџеј и продуцент Соломун.

Концептот на забавата "Од зајдисонце до зори" ќе го надополни диџеј Х.О.С.Х., со кого оваа година слават 10-годишен јубилеј од забавите продуцирани од нивната дискографска куќа "Динамик".

Локална поддршка на забавата е диџеј Никифор.

Соломун е почитуван андерграунд диџеј и продуцент веќе години наназад, а во 2012 година беше прогласен за диџеј на годината.
За забавата, по цена од 600 денари, ќе се продаваат 300 лимитирани билети. Во претпродажба ќе чинат 800 денари, додека на влез, на денот на журката - 900 денари.