Од каде е бродското сидро на кејот на Вардар?

Во случај да се прашувате од каде е сидрото што долги години е на кеј. Бродот Скопје, долгогодишен член на флотата на Југолинија.

Бродот „Скопје“, кој спаѓаше во класата полутоварни бродови со носивост од 10.000 тони, пловеше со години по сите светски мориња. Кога конечно беше целосно амортизиран, се врати дома во Риека на сечење и топење.

Тогаш сидрото го испратија во Скопје кое беше ствено под Камениот мост кое му пркоси на времето, но паѓајќи во заборав, бидејќи многу малку се зборува за славното минато на бродот „Скопје“.