Ако си од Автокоманда...Ти си главен бандит во Скопје и носиш златно ланче на вратот

Оваа скопска населба се наоѓа во источниот дел на градот Скопје, на 3 км одалеченост од центарот на градот, на левиот брег на реката Вардар, од источната страна на парк-шумата Гази Баба, а западно од населбите Камник, Маџари, Триангла и Ченто, северно од Ќерамидница, јужно од населбата Железара и од фабриката Железара.

Секоја населба во Скопје си има одредена своја одлика и дух.  Луѓето  во оваа населба се почитуваат и  дружат меѓу себе, но има неколку карактеристики по кои се разликуваа од останатите скопски маала.

Ако знаеш на глава да скокнеш во базен, да плукнеш (меѓу заби) најдалеку и совршено да играш билјард, пикадо, фудбалче, флипери и мустафа

Шетањето во маало ти е омилено хоби во животот и ако тренерките ти се основна облека во плакарот

Ти си главен бандит во Скопје и секако носиш златно ланче на вратот

Нова година прославуваш во локалната кафана или кафуле

Имаш девојка и таа мора да биде од Гази Баба

Работиш обезбедување или пак вратар во некоја од скопските дискотеки

Ти си од провинција, а студираш на земјоделски или ПМФ

Дечките од маало ти стојат 24/7 на располагање за тепачка

Седењето пред зграда ти е составен дел од секојдневието

Пиењето алкохол во “Панче” тие е составен дел од твојата младост

Во твојата зграда има клупче и таму ти поминува најголемиот дел од денот

На твојот фејсбук профил гордо објавиш дека живееш во Автокоманда