ЈП „Градски Паркинг” Скопје ги обнови, односно обележа веќе постоечките паркинг места за лица со попреченост на зона А0 на Водно, информираа од претпријатето.
Оттаму упатија и апел за совесно паркирање.
-Апелираме до сите граѓани да паркираат совесно и да не им го одземаат паркинг местото на оние на кои им е најпотребно. Сите непрописно паркирани возила кои ќе бидат затекнати на места означени за лица со попреченост ќе бидат санкционирани, порачаа надлежните.