Обајвен е трејлерот за „Биста Вода“ најновото филмско остварување на Јани Бојаџи.
Станува збор за првата македонска трилер-драма серија во која се појавуваат голем број звучни актерски имиња.
Едно убиство, голема мистерија и многу тајни...
Продуцент, сценарист и режисер на серијата е Јани Бојаџи. Почна да се снима во манастирскиот комплекс „Свети Пантелејмон“ во Горно Нерези, а се снимаше на повеќе од 50 локации во Скопје, но и низ државата. Инспирирана е од вистински настани.
„Бистра Вода“ доаѓа наскоро на ТВ Алфа и платформата Кинемое.