Ново детско игралиште и пристапни патеки во Скопје-Север

Општина Бутел продолжи со градежните активности во населеното место Скопје-Север.

Скопје-Север ќе добие ново детско игралиште со современа мека подлога, нови модерни реквизити, нова урбана опрема ќе го направат ова ново катче омилено место за младите генерациии.

- Денес започнавме со изградба на пешачките и пристапните патеки до станбените згради со павер елементи во Скопје Север. Ќе се реконструираат пристапните влезови на станбените згради и ќе се надмине проблемот со дотраените, распаднати пешачки патеки. Еднаков рамномерен развој на сите населени места, кажа градоначалникот Дарко Костовски.