Костовски најави повеќе проекти за во Скопје-Север

Градоначалникот на Бутел, Дарко Костовски, вчера се сретна со дел од жителите од населеното место Скопје - Север, на која се разговарало за нивните потреби и барања.

- Наскоро започнува уредување на големиот паркинг, негово бележење и средување, санирање и крпење на дупките. Во процедура е и проектирање на пешачките патеки пред влезовите на станбените единици. По завршување на проектирањето за скоро ќе започнат и градежни активности и изработка на пешачки патеки со павер елементи, посочи Костовски по средбата. 

Тој најави дека наскоро ќе излезе и јавниот повик за промена и изработка на нови фасади и промена на кровови кој ќе ги опфати и станбените единици и од Скопје - Север.