Нови улици и реконструкција на постојните, нови тротоари и урбана опрема - прокети кои се реализираа во Центар во 2018

Градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ, ги сподели реализираните прокети во 2018 година. 

Мораториумот за градби, новите улици и реконструкцијата на постојните, тротоарите и урбаната опрема, активностите на основните училишта и градинки на територија на општината, спортот, културните настани, сите убави и помалку убави случувања, секое на свој начин остави свој белег во нашата, во мојата работа, додаде Богдановиќ. 

Тој се заблагодари на својот тим и до вработените во службите на општината кои секојдневно работеле  на решавање на проблемите на жителите на општината. Исто така сѐ заблагодарува и на граѓаните за секој убав збор, пофалба и добронамерна критика.