Гази Баба со капитални проекти за 2019-та: Нови градинки, училишта, спортски сали, улици, булевари, пешачки патеки

Нови градинки, училишта, спортски сали, улици, булевари, пешачки патеки, како и водоводна и канализациона мрежа, се само дел од капиталните проекти за 2019-та, на Општина Гази Баба. 

 Со новата година, започнуваме и нови вложувања во подобрување на условите во училиштата и градинките, а општината целосно ќе го преземе и трошокот за обезбедувањето на училиштата. Се грижиме за животната средина, со садење на нови дрвја и подигнување на нови паркови, а започнуваме и повеќе проекти за енергетска ефикасност и гасификација, вели градоначалникот.