Со нова акција на садење дрвја, Општина Карпош продолжува со зазеленување на јавните површини на нејзина територија.
Вчера, беа засадени нови, развиени садници од јасен, и тоа 25 на локации во Нерези, кај воените кули (Мостот Обединети нации) и пет јасени беа засадени во Карпош 1 на јавниот простор позади зграда бр.59 на улицата Рузвелтова.
Општината во континуитет работи на создавање на поздрава животна средина преку одржување и зголемување на зеленилото.