Нови дојави за бомби: Се евакуираат неколку скопски училишта

Утрово повторно пристигнале дојави за бомби во неколку скопски училишта, по што почна евакуацијата на учениците и професорите.

Полицијата е на терен, а наскоро ќе излезат и антитерористички екипи за да извршат проверка на објектите, по што се очекува соопштение од МВР.

Вчера пристигнаа 86 дојави за бомби во училиштата, како и во една градинка, но полицијата утврди дека станува збор за лажни пријави.