Нови 30 дена притвор за Боки 13

Вчера Кривичниот совет му ја продолжил мерката притвор на уште 30 дена. Бојан Јовановски веќе два месеци е во притвор заедно со Зоки Кичеец. Двајцата заедно со специјалната јавна обвинителка Катица Јанева се осомничени во истрагата за случајот „Рекет“.

Според истрагата, бизнисменот Орца Камчев на Боки 13 и на Кичеец им дал 1,5 милиони евра за да го спасат од кривичен прогон за случајот на СЈО, „Империја“, во кој Камчев ја има улогата на осомничен, а според обвинителството и Јанева била дел од пазарот.

Исто така, вчера утрината Боки повторно беше однесен во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“.

На Јовановски му биле извршени испитување и снимања на абдоменот, по што бил вратен во затворот Шутка.

Тоа беше втор пат месецов, тој да биде носен во болница поради болки во желудникот и влошување на состојбата.