Градоначалникот на општина Бутел, Дарко Костовски објави дека новиот спортско рекреативен комплекс кој ќе се наоѓа во населенето место Радишани ќе се протега на површина од 2000 м/2 и ќе има нови трибини со столчиња, специјална подлога за кошарка, фитнес зона, нов парк и зелени површини
“Новиот спортско рекреативен центар кој ќе се наоѓа во населеното место Радишани горна зона ќе го носи името “ХРИСТО МАТОВ”, а ќе се протега на повеќе од 2000 м/2. Ова е место на кое во минатото беше главно место за рекреација и забава во ова населено место но за жал изминатите години беше целосно запуштено и претворено во депонија. Спортско рекреативниот центар “Христо Матов” ќе ги има следните содржини:
Ќе биде изградено модерно фудбалско игралиште со вештачка трева, нова метална ограда и ново лед осветлување, Нови трибини со нови столчиња, ново баскет игралиште со специјална подлога, Реконструкција на детското игралиште со нови модерни содржини, фитнес зона за вежбање и рекреирање, нов парк и нови зелени површини, нова урбана опрема, како и ново лед осветлување“ напиша Костовски.