Нов парк за миленици во Карпош

Се поставува новиот парк за миленици во Карпош, на Кејот на Вардар, во близина на скејт паркот.


Локацијата за паркот е одбрана во консултација со граѓаните од Карпош 4.

Дополнително ќе бидат поставени и реквизитите кои од содржински аспект ќе го збогатат паркот, а ќе овозможат и безбеден престој на милениците и нивните сопственици.

Потегот долж Кејот на Вардар ќе биде меѓу најатрактивните делови во Карпош, но и во Град Скопје, со содржини за спорт, рекреација и дружење за сите граѓани.