Се ближи стартот на новата година. За вашиот организам тоа ќе значи темелно прочистување на телото, обнова на енергијата и подготовка за цела година, а позитивни вибрации за умот.
Зимското прочистување на организмот подразбира ослободување на целото тело од непотребните и штетни наслаги преку повеќедневен систем на детоксикација. Процесот ги опфаќа сите системи во телото, дигестивниот, респираторниот, циркулатрониот и нервниот.
Најубаво би било денот што ќе го изберете за почеток на вашата детоксикациска програма да не биде некој од оние најнапорните кога сте по најголем стрес и среде многу обврски. Имајте на ум дека ќе треба да пиете по 8 чаши водна дневно бидејќи таа е основна за намалување или топење на „мастите“ во крвта и ќе помогне во нивно исфрлање од организмот. Сите хемикалии, пестициди, отрови се крјат токму во овој серум од „масти“ во крвта.
Детоксикацијата на организмот и регенерацијата на метаболизмот може едноставно на се спроведе ако се придржувате до некои основи совети за прочистување на организмот.
- Во првата половина од денот дајте и предност на протеинската храна, особено на рибата и белото месо, и избегнувајте обилни вечерни оброци.
- Супите можат да бидат особено корисни при процесот на детоксикација. Не заборавајте на едноставниот начин на отстранување на вишокот маснотија од супата. Едноставно оставете ја да се излади и на површината ќе се создаде тенок слој маст, кој треба да го отстрнаите и да го фрлите.
- Уживајте во интересни зеленчукови салати, кои осигуруваат дека сте внеле цека низа високовредни материи кои му помагаат на метаболизмот, ја јакнат одбранбената способност на телото и го чистат организмот од отрови. Салатите зачинувајте ги со квалитетно маслиново масло.
- Високовредните ферментирани млечни производи содржат пробиотици го потткнуваат варењето на храната и го зајакнуваат имуниот систем. Не заборавајте на јогуртот, ацидофилното млеко и киселото млеко!
- Неколку пати дневно пијте билни чаеви и многу вода