Од пред многу години се преселив тука, општина Аеродром беше во самиот почеток на градба и доградба. Полека, полека, порасна не во населба, не во општина, туку можам да да кажам дека прерасна во град, кој има сè. И простор и убавина и место за дружење и место за спортување, едноставно за сè што ќе ти потреба и ќе посакаш да го имаш во својата околина. Кога се навраќам по толку години, не можам да го препознаам, вели легендарната актерка Шенка Колозова за живoтот во општина Аеродром.