Без вода утре дел од Сопиште, Бутел-1 и Радишани

Водовод ве известува дека на ден 23.04. и 24.04.2018 (понеделник и вторник) ќе се започне со чистење и хлорирање на резервоар Добри Дол. Со работа ќе се започне во периодот од 09:00 часот до завршување на работите. Можен е мал прекин на водоснабдување во с. Добри Дол.

Корисниците од населбите Бутел-1 и Радишани, како и стопанските субјекти на ЕВН, Железничка станица Скопје Север, Еуро Табак, Едел-Пром, Фурна Диме и Шкода лоцирани на северната страна на улицата „Босна и Херцеговина“ утре од 8 до 14 часот ќе останат без вода за пиење.

Како што информираат од ЈП Водовод и канализација - Скопје, прекинот во водоснабудвањето е поради планирана техничка интервенција на трафостаница во Пумпна станица Бутел. 

Телефон за информации: 023073010