Викенд настани и забави во Скопје

Викендот е пред нас според меторлозите времето ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Доколку се уште не сте испланирале каде ќе го поминeте вашето слободно време еве неколку интересни настани кој се закажани викендов во Скопје:

Саем за традиционална македонска храна и активен туризам

Традиционални производи и алтернативни видови туризам по пониски цени, ќе понуди саемот „Ис(в)куси ја Македонија“ што се одржува денеска во Рамстор Мол.

Како што најавуваат организаторите, на саемот ќе може да се купат крушевски домашни џемови и овошни локуми, велешки органски мед, зелено вино од Кавадарци и уште најмалку 30 производи кои не се редовно достапни во Скопје.

Посетителите воедно ќе имаат прилика да се запознаат и со богатата туристичка понуда на Македонија, како и да резервираат една од многуте авантури – планински велосипедизам во Мариово, тандем параглајдинг во Охрид, јавање коњи во Галичник,…

Саемот за традиционална Македонска храна и активен туризам „Ис(в)куси ја Македонија“ го организира Проектот на УСАИД за експанзија на мали бизниси, кофинансиран од Владата на Швајцарија, во соработка со Рамстор Мол и Локалните акциски групи од пелагонискиот, вардарскиот, полошкиот и североисточниот плански регион.

 Прв Национален и Меѓународен натпревар во уметничко лизгање во Македонија

Денеска во Скопје ќе се одржува Прв Национален и Меѓународен натпревар во уметничко лизгање во Македонија “Skopje on ICE 2017”.

Натпреварот има национален, но и меѓународен карактер и на него ќе учествуваат спортисти во повеќе категории, односно во меѓународно признати категории: Младинци/ки, Јуниорки, Сениорки, како и во категориите за помлади натпреварувачи Кадети Ц и Б, и во интерпретативни категории согласно возраста на натпреварувачите.

Првиот ден ќе се одржи натпреварувањето во категориите Младинци, Интерпретации Б, и Интерпретации Ц и А, а утре во категориите Кадети Б, Младинки, Јуниори и Сениори и Кадети Ц.

На натпреварот, покрај домашните, ќе учествуваат натпреварувачи и од Република Србија, Република Словенија, Република Грција и Кралство Шведска.

Ќе има над 60 натпреварувачи, од кои половината домашни, а останатите од странство. На натпреварот ќе има меѓународно признати судии од неколку држави во Европа.

Натпреварот го организира Федерацијата за лизгачки спортови на Македонија, во соработка со СЦ „Борис Трајковски“.

Културни настани и забави:

Сабота 25.2.2017

МОБ

20.00/Рајмонда (Класичен балет) – Александар Глазунов

Настапуваат:
Рајмонда: Марија Кичевска Шокаровска
Жан де Бриен: Бобан Ковачевски
Абдурахман: Васил Чичијашвили (Грузија)
Бела Дама: Наташа Јосифовска
Учествува целиот балетски ансамбл и оркестарот на МОБ.

МКЦ

21.00/ Млади за Скопје #5 – Концерт на The Local Blue

– The Local Blue
The Local Blue се инструментален рок бенд од Скопје, Македонија. Формирани се во 2016та година. Во бендот свират Кристијан Новковски (тапани), Владимир Бичковски (бас) и Кристијан Савиќ (гитара). Инспирирани од Clutch, Ali Farka Touré, Jimi Hendrix, Rage Against the Machine и многу други андерграунд стонер и сајкеледик артисти, буквално ја трансфомираат цела енергија на сцена и не оставаат никој рамнодушен.

Карти во претпродажба (билетара МКЦ): 100 ден.
Карти на денот на концертот: 150 ден.

Public Room

21.00/Satuday

И последниот викенд од февруари се дружба со South Park!

Шизење со Светлана Јовановска- вокал, Виктор Николовски- вокал и бас, Благојче Пенов – тапани, Зоран Костадиновски -водечка гитара и Горјан Стојменовски – ритам гитара.

22.30/ Paco Osun

За прв пат во Скопје гостува еден од најреспектираните дј-и во моментов, шпанскиот супер стар дј, продуцент и техно великан:

Paco Osuna

www.pacoosuna.com

Домашна поддршка:
Nikofor
www.facebook.com/Dj.Nikifor

Влезници во претпродажба по супер промотивна цена за првите 500 влезници од 500 денари, а потоа 600 денари, во ПОЛА ЈУГОТОН иwww.kupikartizase.com продажните места низ целата земја.

Недела 26.2.2017

Public Room

11.00/Social Sunday

Поминете убаво и безгрижно социјално попладне со вашето семејство користејќи ја можноста за бесплатна анимација за најмладите краетивци со дрвените играчки од програмата на Melissa & Doug. Децата на возраст од 2 до 4 години ќе бидат воодушевени да научат како се подготвува појадок, како се отвораат и затвораат патенти, копчиња, рајбери…
Децата од 5 до 7 годиишна возраст ќе можат да ја развиваат сопствената слика со колекции на стикери и печати.

А родителите може да уживаат на каучите од прогрмата на „Просторија” и „Фејдом”.

Сите учесници се дел од наградна игра на која ќе можат да освојат дрвена играчка од програмата на Melissa & Doug!

МКЦ

20.00/Friends2Friends

Мотив за организирање на настанов беше пожарот кој се случи во Макотекс во кој изгореа инструментите и студиото на наши пријатели музичари. После оваа трагедија следеа и нови лоши изненадувања, именно имаше поплава во истата зграда која ги зафати и помошните простории за проби.

Со купување карта за овој фестивал од 100 ден. во претпродажба (200 ден. на врата) ќе им овозможите на музичарите да набават нова опрема и да продолжат да творат и да создаваат култура!
Настанот го поддржаа следните бендови:
1. Темпера
2. Mooger Fooger
3. Милко
4. Фолтин
5. Сетстат
6. Alter Vivo
7. Јаничари
8. Conquering Lion
Неизмерна поддршка дадоа и Младински Културен Центар!
Во фоајето на МКЦ за време на фестивалот ќе се организираат низа на забавни активности, а музика ќе пуштаат:
1. Dj Goce SAF
2. Toni Zen Official
3. DJ Chvare