Што има денеска во град?

12.00/ „Станете за чист воздух“: Протест пред Владата

Станете за чист воздух, под ова мото група на граѓани денеска организира протест поради критичното ниво на аерозагадувањето во Скопје и Македонија. Протестот ќе се одржи пред Владата на Република Македонија.

Иницијаторите на овој протест велат дека овој протест не е организиран од политичка партија, туку е организиран од граѓани. Инаку, претходно градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов граѓаните кои организираат активности поради загадувањето рече дека се политички опструирани од ВМРО-ДПМНЕ.

-Организиран е од тебе, од мене, од твоите деца, од вашите родители, од сите нас кои дишеме загаден воздух, велат иницијаторите.

Иницијаторите велат и дека пожелно е да носите маски на протестот, за ваше здравје, како и транспаренти секој со своја инспирација.

Тие имаат и мерки кои итно бараат да се спроведат:

1.Итно чистење на сите главни и споредни улици во градот

2.Забрана за сообраќај во најзагадените денови освен за возила на пожарна, полиција, брза помош, службени возила за истовар на роба

3.Бесплатен јавен превоз

4.Исклучување од сообраќај на старите возила кои загадуваат, вклучувајќи ги и оние на КХС

5.Забрана за градежни активности во период на загаден воздух (ноември, декември, јануари)

6.Субвенциониран приклучок на топлификација за сите граѓани

7.ИТНО и ТРАНСПАРЕНТНО мониторирање на индустриските погони, големи и мали, кои испуштаа стакленички гасови

8.Помош за домаќинствата кои немаат финансии за греење па палат што ќе најдат

9.Итно чистење на сите диви депонии во градот

10.Санкции за палачите на огнови на отворено, посебно да се обрне внимание на кејот на Вардар

17.00/Шест разголени девојки од излог ќе разговараат со публиката

Шест провокативно облечени девојки утревечер од излози на булеварот Св. Климент Охридски на скопјани ќе им нудат сексуални услуги. Секоја ќе има свој излог и различен настап по примерот на сексуалните работнички од борделите на„Улицата на црвени фенери“ во Амстердам. Излогот е дел од годинашното одбележување на Меѓународниот ден за борба против насилство врз сексуални работнички.

„Публиката ќе има можност да разговара со девојките, но преку стакло. Тие ќе поставуваат прашања од типот ‘дали вакво нешто му треба на Скопје ‘ и слично, а публиката ќе одговара со гестикулации“, најави Борче Божинов, претседател на граѓанската иницијатива за заштита и унапредување на правата на сексуалните работници „Стар-стар“.

Девојките ќе бидат во излозите на објектот до клубот „Вулкан“ од 17 до 22 часот со пауза од 19 до 20 часот. Целта на овој перформанс, Божиновски вели дека е отсликување на шармот на „Улицата на црвените фенери“ со бордели во Амстердам, со цел на јавноста да и се покаже дека сексуални работници во Македонија има, но скриени се, стигматизирани од околината и трпат насилство кое не можат да го пријават.

19.30/ Waves of Ambience // Социјален центар Дуња

Како иницијатива за одржување на концерти со жива амбиентална музика, www.ampeff.com го организира првиот „Waves of Ambience” настан на 16ти Декември во Скопје.

„Waves of Ambience” носи 4 артисти од Македонија (Скопје и Битола) за вечер исполнета со амибентална/дроун/експериментална-џез музика и визуелна медитативна сесија.

Влезот е со донацијa.

22.00/Neuland Afterparty Vol.1 // Синдикат

Другари и другарки, ако за момент помисливте дека приказната со Neuland ќе заврши со настанот во Мала станица, може слободно да кажеме дека сте се излажале – тоа беше само почеток.

Приказната продолжува со серијата настани Neuland Afterparty, од кои првиот ќе се одржи во Синдикат, а музички уредник ќе биде другарот Herzel.

22.00/ Skopje Vinyl Convention Afterparty // МКЦ

На плоча секогаш звучи подобро!

Првата винил конвенција во Македонија ќе се финишира со најголемата журка на плочи!

Boca 45 од Бристол и Marc Hype од Берлин ги враќаат плочите на подиумот потпомогнати од Bdat Dzutim (Белград, Србија), Chvare (Скопје, Македонија), Dr. Smedji Sećer (Ријека, Хрватска), Goce (Скопје, Македонија), Iron (Белград, Србија) и Kool S (Пула, Хрватска).

Организирано од Funky Fresh и МКЦ, со промотивни влезници од 300 денари во предпродажба и 500 денари на самата журка.

23.55/ Midnajt Zabava <3 Mirko Popov+Marko Rikaloski // Капан Ан

Саботната „стража” во Капан Ан за овој викенд им е доделена на Мирко Попов и Марко Рикалоски.

23.59/Ilina Angelovska & Tanchevski // Епицентар

Ilina Angelovska
https://soundcloud.com/ilinaangel
Tanchevski
https://soundcloud.com/tanchevski

19.00/Не се клади на Енглези// МНТ

Автор: Владимир Ѓурѓевиќ
Режисер: Синиша Евтимов

Улоги:
Сашко Коцев – Паун
Оливер Митковски – Пикси
Александар Микиќ – Буле

Повеќе информации за претставата
http://mnt.mk/pretstavi/ne-se-kladi-na-englezi

Билетите ќе бидат пуштени во продажба на билетарницата во МНТ
*Цената на билетот е 300 денари.

За подетални информации јавете се на +389.2.3230.304