Денталната хигиена е најдобар начин за превенција на кариес, но и ред други болести на дигестивниот тракт и оралната шуплина генерално. Здравите навики е најдобро да се всадуваат уште од најмала возраст.
Денталните стручњаци советуваат, дека најдобро е забите да се мијат најмалку 2 пати дневно, наутро и пред спиење. Други пак велат дека тоа е најдобро да се прави по секој оброк.
Но, статистиките велат како Македонците, но и генерално луѓето од Балканот се релативно ниско на скалата на еврпски земји, кога се однесува до просекот на миење на забите. Просекот изнесува нешто повеќе од еднаш седмично, што е катастрофален податок.
Покрај редовното миење на забите, одржувањето на денталната хигиена и здравјето на забите и непцата, подразбира и редовни контроли на стоматолог. Просекот би требал да биде помеѓу 2 и 4 пати годишно, но и почесто доколку се работи за некоја специфична болест или состојба.
Здравите навики е најдобро да им се всадуваат на децата од најмала возраст, а искуствата на стоматолозите велат дека стравот од забар, на децата им се пренесува од родителите.