Регулаторна со нова цена на горивата

Регулаторната комисија за енергетика денеска на пладне треба да ја објави новата цена на горивата по која ќе се точи на бензинските пумпи од полноќ.

Последниот договор на ОПЕК за ограничување на производството во изминатите две недели влијаеше на раст на цените кои денеска се за околу 3 долари по барел повисоки во однос на цените врз основа на кои Регулаторната комисија за енергетика ги формираше малопродажните цени пред две недели.

Во моментов барел северноморска нафта од типот „брент“ на берзата во Лондон се продава за 49,7 долари, а пред две недели неговата цена изнесуваше 46.9 долари.

Во вакви услови за очекување е регулаторот да ја зголеми цената на горивата меѓу еден и два денари по литар.