Георгиевски освои бронзен медал на „Президент купот“

Најдобриот македонски таеквондист, Дејан Георгиевски освои бронзен медал на „Президент купот“, кој се одржа во Истанбул, Турција.

Георгиевски стигна до полуфиналето, каде што загуби од актуелниот олимписки шампион Сисе од Брегот на Слоновата коска со 0-2 во рунди, односно 0-4 и 1-3.

Македонскиот таеквондист претходно беше подобар од Хамидреза Бадријалјабади од Азербејџан со 2-0 во рунди, а со ист резултат го победи и Берат Хусен Демирчиоглу од Турција.