Таеквондистот Дејан Георгиевски освои бронза на меѓународен турнир во Бугарија

Најдобриот македонски таеквондист Дејан Георгиевски стигна до нов успех во кариерата, откако на Меѓународниот турнир „Бугарија опен“ освои бронзен медал.

Георгиевски мораше да се откаже во полуфиналето поради повреда, па така испушти можност да се бори против Чеик Салах Сисе од Брегот на Слоновата коска.

- Бронза и нови поени за олимписка норма со две доминантни победи над Михопулос Сотирос од Грција и Харбар Андреј од Украина. Дејан за жал не може да се бори во полуфинале поради незгодна повреда на десната шака, се надеваме дека не станува збор за скршеница, информираат од таеквондо федерацијата на Македонија.