72-годишник паднал од тракторска приколка и тешко се повредил

Едно лице заврши во болница откако падна од тракторска приколка во дечлевско.

- На 01.01.2023 околу 11 часот пријавено е дека на магистралниот пат А-3 кај село Очипала, делчевско од трактор со полуприколка, управуван од И.П.(44) од с.Очипала, додека тракторот се движел по патот, сопатникот во полуприколката Љ.П.(72) од с.Очипала паднал на коловозот. Љ.П.  се здобил со тешки телесни повреди кои му биле констатирани од лекар во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, каде му е укажана лекарска помош, информира МВР.

Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициска станица Делчево.