Кривична против лицето што сакаше сосе трактор да влезе во казино

СВР Битола поднесе кривична пријава против П.К.(41) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“.

На 18.03.2024, пријавениот со трактор удрил во влезната врата од казино во Битола и предизвикал материјална штета.