Во одредени периоди, едноставно не ни оди во љубовта.
Но, што тогаш? Дали треба да се откажеме? Не, туку едноставно некогаш нашето патување не е поврзано со љубовта и треба да го прифатиме тоа.
Можеби во овој момент ви е потребно да бидете сами. Можеби не треба да се борите со сета сила да ја најдете љубовта и наместо тоа, прво да најдете љубов во себе, ЗА СЕБЕ. Можеби е време да бидете сами, но не и осамени и време да се посветите на сето она што ВАМ ви е важно.
Понекогаш, љубовта не доаѓа бидејќи потребно ни е да утврдиме дека треба да смениме нешто кај себеси или пак во начинот како и пристапуваме на љубовта. Тоа не значи дека нешто не е во ред со нас, туку само дека некои начини на размислување и однесување не функционираат и не ни носат ништо добро и треба да и пристапиме на љубовта, така што прво ќе се сакаме себеси и ќе се грижиме за себе.
Можеби е време прво да бидеме нежни и добри кон себе, пред да решиме тоа да го направиме за друга личност.
Можеби, ова не е време за љубов, туку за надеж. Можеби треба да веруваме во себе, па и во моќта на универзумот да ни го донесе најдоброто за нас, она што вистински го заслужуваме. Можеби е време да си кажеме себеси или да посакаме каква личност посакуваме за себе, што е она што ни треба и да си потврдиме што веќе нема да толерираме во нашиот живот.
Нашето патување некогаш е за самите нас, а не е секогаш поврзано со друга личност. Да научиме нешто од тоа.