Традиционална новогодишна дедомразовска трка низ улиците во Скопје

Во недела на 24-ти декември во организација на “Прв до Врв” ќе се одржи традиционалната новогодишна дедомразовска трка низ улиците на Скопје.

Трасата што треба да се помине ќе биде во должина од 2 километри а главниот услов е сите учесници да бидат облечени во костуми на Дедо Мраз.

Пријавувањето за учество во овој предновогодишен настан завршува в петок на 22 декември или порано, доколку се потрошат деомразовските костуми.

Во оваа трка секој може да учествува без разлика на возраста додека децата мора да бидат придвижувани од родител или старател. За учесниците ќе се одржи лотарија со подароци додека децата до 10 години ќе добијат новогодишно пакетче.