Меѓународна атлетска ноќна трка во Скопје по повод „13 Ноември“

По повод Денот на ослободувањето на Скопје „13 Ноември“, македонската атлетска Федерација (АФМ) претстојната недела ќе организира Меѓународна ноќна трка „Низ улиците на Скопје 2023“.

„Во чест на 13-ти Ноември, денот кој е симбол на ослободувањето на Скопје во 1945 година, АФМ во соработка со град Скопје, Министерството за внатрешни работи и Агенцијата за млади и спорт ќе ја реализира една од најстарите атлетски манифестации на пат – ноќната атлетска трка, со неколку трки за сите љубители на трчањето“, соопшти АФМ.