Немој да жалиш, затоа што..
Ако било вистинска шанса, ќе се повтори
Ако било вистинско пријателство, ќе опстои
Ако од болката произлегла лекција, вредело
Ако е наменето за тебе, ќе дојде.
Ако е љубов, ќе се премостат сите препреки
Ако треба да биде поинаку, ќе биде
Ако мораш да стигнеш некаде, патоказот ќе се создаде
Ако треба да дознаеш нешто, ќе дојде до тебе.
И немој да жалиш, затоа што...
Ако е навистина твое, ќе се врати
Ако мораш да одиш понатаму, не се врти назад.
Ако тоа е желбата на твојата душа, ќе се исполни
И она најдоброто за тебе ќе се случи.
Можеби ќе дојде како мрак, а можеби како светло
Во кое и да е руво
Секогаш е за твое најголемо добро.
И не можеш да го изгубиш она што е твое,
ниту да го задржиш она што не е твое.
Затоа само оди понатаму и верувај
дека сè води кон целта на спознавањето
И дека нема подобро или полошо
туку само учење...
Па стисни заби и што и да се случи
Извлечи го најдоброто од тоа
~ Ива Брадариќ