Нејзините фотографии се вистинска магија, но тие ни ја покажуваат мачната реалност на болните дечиња

Професионалната фотографка Ангела Форкер, која слика новороденчиња неодамна го започна проектот Precious Baby во кој нејзини модели се болни бебиња и деца. Нејзините фотографии се вистинска магија, но тие ни ја покажуваат суровата страна на животот – борбата со која се соочуваат овие мали ангели.

Ангела го започна проектот  на почетокот на 2018 година со единствена цел да ја потсети јавноста со тешкотиите со кои се соочуваат тешко болните бебиња.