Неготино: Три лица уапсени за кражба, украденото вратено на сопственикот

На 24.06.2024 во 14.30 часот во село Бистренци, демиркаписко, полициски службеници од ОВР Неготино ги лишиле од слобода И.Л.(42), Р.А.(42), двајцата од Кавадарци и А.Ј.(33) од село Војшанци, неготинско, кои извршиле кривично дело кражба од куќа во село Војшанци, неготинско, сопственост на Б.Н.(66) од Неготино.

Одземеното е пронајдено и ќе биде вратено на сопственикот.

И.Л., Р.А. и А.Ј. биле задржани во полициска станица, известен е јавен обвинител и по документирање на настанот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.