Не се вози по скопската обиколница - повеќе линии на ЈСП се скратени

Сè уште во прекин е сообраќајот по скопската обиколница од клучката Хиподром до клучката Сарај. 

Прекинот ќе трае до завршување на активностите околу нејзиното расчистување.

АМСМ информира дека сообраќајот на сите останати патишта се одвива без забрани, по наместа влажни коловози.

Се известуваат службите задолжени за нормално одвивање на сообраќајот  дека поради оштетен коловоз од обилни врнежи од дожд и непроодност на патот, повеќе линии на јавен превоз ќе бидат скратени или редуцирани. Таквата промена ќе важи за следниве линии: 

- линија 65В ќе сообраќа до семафори кај пазар „Ченто“;
- линија 65 од с.Раштак нема да сообраќа;
- минибус на релација Раштак – Црешево – Виниче-Смилковци нема да сообраќа;
- линија 65б од с. Смилковци нема да сообраќа;
- линија 65а од с. Страчинци нема да сообраќа;
- линија 55а од с. Брњарци нема да сообраќа
- линија 55 за Арачиново, Орланци и Грушино ќе сообраќа до семафори кај пазар „Ченто“;

 Скратувањето и редукцијата на наведените линии ќе важат до поправките и санирањето на овие патни правци и воспоставување на редовен сообраќај.