Се поправа уништеното во поплавите: Времен сообраќаен режим на скопската обиколница

На скопската обиколница од денеска се вовоедува времен сообраќаен режим поради изведување градежни работи на потегот од клучката Сингелиќ до клучка Смилковци, што беше оштетен во поплавите од 6 август годинава.

Градежните работи ги изведува Трансмет ДОО Скопје.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.