Возете внимателно на Скопска обиколница - дождот ги преполни дупките

Сообраќајот низ земјава се одвива по влажни коловози затоа возете претпазливо. 

Еден твитерџија посочи дека особено треба да внимавате на Скопска обиколница. 

-Пазете на Скопска обиколница ако возите на дожд, сега возев, ужас, вирови колку сакаш, водени џебови страшни, никој не се секира за ништо. Нормално, ни полна ни испрекината линија не се гледа оти бојата на тендер е купена за поефтино.