Не ги сфаќајте работите лично, тоа што другите луѓе го прават нема никаква врска со вас

Светот е исполнет со луѓе кои се различни. Без оглед на тоа што и да пробате да направите, секогаш ќе постојат луѓе кои едноставно не ве сакаат. Сепак, светот е полн и со луѓе на кои им се допаѓате, кои ве сакаат и би дале се за вашата насмевка. Тие се вашите луѓе.

Не го трошете времето обидувајќи се постојано да ги задоволите оние кои никогаш нема да ве сакаат. Тоа нема никаква врска со вас. Ќе го потрошите животот трудејќи се да постигнете нешто што не се постигнува, а во меѓувреме можете да ги изгубите и оние на кои вистински им значите.

Научете да не ги сфаќате работите лично.

1. Сфатете дека дрскоста на другите луѓе нема никаква врска со вас. Кога некој е дрзок и некултурен, тоа е одраз на неговиот карактер, не вашиот.

2. Прашајте се себеси зошто некој се однесува на одреден начин. Не донесувајте брз суд. Ако некој не разговара со вас, можеби е срамежлив.

3. Потрудете се коментарите да ги сфаќате на конструктивен начин. Научете нешто од кажаните зборови, наместо да се лутите и да ја губите самодовербата.

4. Погледнете ги работите од поинаква перспектива. Трудете се да бидете објективни.

5. Сфатете дека не можете да бидете во право секогаш.

6. Исто така, сфатете дека не можете да им се допаѓате на сите луѓе.

7. Научете дека вашата вредност зависи само од вас, не од тоа што го мислат и зборуваат другите луѓе.