„Навикнати сме на лажни ветувања“, велат граѓани за изградбата на Луна паркот

Скопјани веќе со години се без Луна парк, и покрај ветувањата на три досегашни градоначалници, меѓу кои и Данела Арсовска.

Граѓаните сакаат место на кое ќе може повторно да уживаат и притоа да ги израдуваат најмалите жители на градот, но се сомневаат дека Луна паркот ќе биде изграден до крајот на годинава.

- Верувам дека децата ќе бидат среќни доколку имаме Луна парк. Ветено е неколку пати дека ќе се изгради, но нема ништо од тоа. Навикнати сме на лажни ветувања, велат граѓани за „ТВ21“.