Нови содржини за скопската Зоолошка и нов Луна Парк предвидува Буџетот на Град Скопје за 2023

Град Скопје го усвои Буџетот за следната 2023 година. 

Според надлежните од Град Скпје граѓаните добиваат буџет кој ќе значи и реализација на проекти за подобрување на јавната инфраструктура, подигнување на нови зелени површини, нови содржини во зоолошката градина и реализација на новиот Луна Парк. Скопје, со новиот буџет сигурно чекори кон својот нов, модерен лик.

Следната година од буџетот на град Скопје, одвојува и значителни средства за субвенции на социјално ранливи категории граѓани кои имаат потешкотии поради актуелната економска и енергетска криза. 

Продолжуваат програмите за субвенции за граѓаните кои беа актуелни и во оваа година која изминува.