Следниот пат кога ќе ве мрзи да исчистите низ дома, размислете уште еднаш. Научниците се занимавале со оваа тема и преку неколку примери укажуваат за негативното влијание на нередот врз нашиот живот.

Фрлањето предмети буквално може да боли

Истражувањата кои ги спровеле истражувачи од Јел покажале дека кога затворени личности биле соочени со тоа да мораат да фрлат некои предмети кои им значеле, двете најактивни подрачја во мозокот биле интензивно поврзани со конфликт и физичка болка. Колку била поголема желбата за поседување на предметите, толку поголема била психичката непријатност и анксиозност.

Влијае на кортизолот

Според Дејвидд Балард од Американското здружение на психолози, многу луѓе живеат со хроничен стрес. Тој вели дека најчесто тоа е поради хаотичното опкружување кое спречува хортизолот природно да се намалува во текот на денот. Истражувањата покажале дека луѓето кои живеат во хаос, најчесто патат од хроничен умор, депресија и стрес. Високото ниво на кортизол може долгорочно да ги оштети функциите и структурата на мозокот.

Влијае на вашиот фокус

Физичкиот неред може да го преоптовари вашиот визуелен кортекс. Научниците целат дека тој се бори за вашето вимание и нередот пречи на способноста за фокусирање и обработка на информации. Можеби не сме свесни, но масата полна со хартии и кантата за отпадоци полна со ѓубре можат да придонесат кон послаба концентрација.

Едно истражување покажало дека луѓето чие опкружување било уредно и кои не можеле да видат неред биле попродуктивни, додека пак оние кои живееле во неред често имале проблем со фокус и биле пораздразливи.